Вугринец најдобар ракометар, Червар најдобар тренер од екс – ју просторите

Македонскиот репрезентативец Ренато Вугринец е избран за најдобар ракометар од просторите на поранешна Југославија за изминатава сезона, во изборот на реномираниот интернет портал „Балкан хендбол“.

Вугринец освои вкупно 57 бода во изборот на читателите на порталот и жири составено од новинари од регионото, пред Хрватот Игор Карачиќ (Вардар) и голманот на Металург, Дарко Станиќ кој имаше 43 бода.

Признанието за најдобар тренер отиде во рацете на стратегот на Металург, Лино Червар, пред тренерот на ЖРК Будуќност, Драган Аџиќ и селекторот на српската женска репрезентација, Саша Бошковиќ.

Признанието за најдобра ракометарка во регионот го доби српската репрезентативка и членка на ЖРК Вардар СЦБТ, Андреа Лекиќ.