Спорт

Вугринец не доби зелено светло да игра за Македонија

Вугринец не доби зелено светло да игра за Македонија

Македонската ракометна репрезентација ќе биде дополнително ослабан на Европското првенство во Данска, во јануари наредната година, откако словенечкиот ракометар со македонски пасош Ренато Вугринец не доби дозвола за настап во „црвено-жолтиот” дрес.

Во Ракометната федерација на Макдонија (РФМ) владееше оптимизам дека ИХФ ќе даде зелено светло за Вугринец да настапува за Македонија на шампионатот во Данска, но ситуацијата ја искомпликувале челниците на ЕХФ, кои не дозволиле процедурата да биде пренесена кај Светската ракометна Федерација (ИХФ).

Како што информира порталот телеграф.мк, сугестијата дошла од првиот човек на европскиот ракомет, Жан Брио, кој суптилно ја блокирал целата постапка со образложение дека ЕХФ не ги исцрпила сите процедурални постапки околу натурализацијата на Словенецот, па затоа не дозволува случајот да биде префрлен на комисија при ИХФ.
Овие постапки понекогаш траат и повеќе од еден месец па јасно е дека со ваквиот развој на настаните исчезнуваат шансите за Вугринец да настапи за Македонија во Данска.

Ова е уште еден проблем за селекторот Ивица Обрван кога во составот ќе го нема и Наумче Мојсовски, додека вториот натурализиран играч, Немања Прибак, ќе може да настапува дури во втората фаза од шампионатот.
Лазаров ја однесе Барса во финалето на АСОБАЛ купот.

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров со својата арселона обезбеди место во финалето на АСОБАЛ-купот. Каталонците во полуфиналната пресметка немаа проблеми да ја елимнираат Хуеска, славејќи со 39:25.
Македонецот беше меѓу најзабележителните на теренот, реализирајќи пет гола надополнети со три асистенции, додека најдобар стрелец беше Ентрериос со шест погодоци.

Во големото финале, утре Барса ќе ги одмери силите со Гранолјерс, кој во второто полуфинале беше подобар од Ла Риоха со 29:28.