Вугринец продолжува во Катар, потпишува со Лахвија

Како што пишува порталот Екипа , натурализираниот македонски репрезентативец Ренато Вугринец, веќе си пронајде нов клуб.

Словенецот се договорил со катарскиот тим Лахвија, а соработката ќе трае пет месеци.

Најверојатно со овој трансфер почнува вториот егзодус на првотимците од Металург. Според најавите, покрај Вугринец, Атман и останатите кои го напуштија клубот, сега и Филип Миркуловски, Гоце Георгиевски и Дејан Манасков се на излезна врата.

Првиот меч годинава Металург ќе го игра на 1-ви февруари против Нексе во рамките на СЕХА лигата, а кој ќе биде во тимот за тој натпревар ќе покаже периодот што следува.