Вугринец се уште најдобар стрелец во ЛШ

Ракометарот на Металург, Ренато Вугринец, со седумте голови на реваншот против Кил ја задржа првата позиција на листата на стрелците во Лигата на шампионите.

Сепак, мали се шансите македонскиот репрезентативец да остане на врвот, бидејќи играчот на Веспрем Момир Илиќ со својата екипа ќе биде дел од завршниот турнир (ќе игра уште најмалку два натпревара). Илиќ има постигнато 91 гол, а Вугринец е лидер со 95. На третата позиција е Маргуч Гашпер од Цеље со 79 голови.

Во најдобрата десетак се и двајца ракометари на Вардар, Тимур Дибиров со 72, кој е на делба на 6.место, додека Игор Карачиќ е на делба на 9.место со 69 голови.

Во најдобрата „десетка“ на 7.место се наоѓа и Кирил Лазаров од Барселона со 71 гол.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.