Вујошевиќ бил на чекор да ја води македонската кошаркарска репрезентација

Ова го тврди спортскиот портал “Новости”, пренесувајќи дека “Македонија покажала голем интерес за да го доведе Вујошевиќ за свој селектор”.

dule

Не е точно наведено дека екс-тренерот на Партизан бил контактиран во периодот кога му беше врачен отказ на Александар Џикиќ, или пак сега, додека се бара наследник на Марјан Србиновски.

МКФ како своја голема желба го посочи Марин Докузовски, но не се исклучува можноста во меѓувреме да биде остварен контакт и со самиот Вујошевиќ.

Името на Душко Вујошевиќ во последните неколку дена беше поврзувано со преселба во Италија, на клупата на Емпорио Армани, но тој самиот ги отфрли овие шпекулации.

Не е точна приказната за клубот од Милано, не сум преговарал со него. Кога ќе има нешто конкретно и сериозно за мој евентуален ангажман во било кој клуб, ќе дознаете набрзо, изјави Вујошевиќ за “Моцарт спорт”.