Спорт

Вујошевиќ пратен на ладење од три натпревари

Вујошевиќ пратен на ладење од три натпревари

Тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ заработи суспензија од три натпревари во рамките од АБА лигата.

Вујошевиќ на дуелот кој неговиот Партизан го играше против Мега, незадоволен од некои судиски одлуки, најпрво влезе во вербален конфликт со арбитрите, а откако ја заработи и втората техничка грешка, сакаше и физички да се пресмета.

Тренерот на Партизан постојано влегува во непријатни ситуации и конфликти, а притоа не бира дали жртва е некој негов кошаркар, судија или трето лице присутно на натпреварите на Партизан.

На официјалните натпревари Партизан ќе го предводи Велимир Гашиќ.