Вујовиќ сака да биде селектор на Хрватска

Ракометната селекција на Словенија за првпат во својата историја стигна до медал на едно Светско првенство, откако во малото финале славеше епска победа над Хрватска со 31-30.

Дефинитивно најзаслужен за овој голем успех на словенечката нација е селекторот Веселин Вујовиќ, кој по завршувањето на Мундијалот во Франција откри за која репрезентација би го сменил селекторското столче.

– Нема да бидам искрен ако ви речам дека не сакам да ја водам Хрватска. Не знам колку е тоа реално во овој момент, но во иднина можеби да. Се разбира постојат договори и ветување кои мора да се испочитуваат, вели Вујовиќ.

Популарниот Вујо во својата богата тренерса кариера, покрај тоа што има водено голем број на клубови, беше и селектор на Југославија, Црна Гора, Македонија, а од 2015 година е предводник на репрезентацијата на Словенија.