Вујовиќ ќе застане на чело на Словенија

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ денеска и официјално ќе биде промовиран како нов селектор на Словенија.

Тој ќе дојде на местото на досегашниот кормилар на националниот тим, Борис Денич. Словенците изминатиов период беа во интензивна потрага по нов селектор, а во игра беше и стратегот на Целје, Бранко Тамше.

Само за потсетување, Словенија го освои осмото место на последното Светско Првенство во Катар, откако во осминафиналето ја победи Македонија, но потоа ги загуби сите натпревари до крајот на мундијалот.