Вукчевиќ: Тачи може да биде уапсен ако допатува во Србија

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека потерницата по Хашим Тачи е се уште во сила во Србија, па од тие причини тој може да биде уапсен доколку дојде во земјата.

Истрагата за Тачи е во прекин бидејќи е недостапен за српските истражни органи. Централата на Интерпол го стопираше важењето на потерницата за Тачи во другите земји со образложение дека станува збор за највисок албански функционер. Меѓутоа, во Србија таа е во сила, така што ако овде дојде ние можеме да го уапсиме, рече Вукчевиќ за весникот „Блиц“.

Приштинскиот печат вчера објави вест дека заменик премиерот и косовски министер за надворешни работи Хашим Тачи кон крајот на месецот ќе престојува во Белград.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод најаваата дека Тачи кон крајот на месецот ќе дојде во Белград, изјави дека нема потреба Тачи да доаѓа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.