Вулин ќе присуствува на свеченостите во Косово и Метохија

Во Лепосавиќ и во Зубин Поток денес ќе бидат одржани свечени седници на кои ќе стапат на должност новоизбраните градоначалници и советници.

Драган Јаблановиќ и Стефан Вуловиќ ќе стапат на должност, а на тие седници ќе присуствува и министерот без ресор задолжен за Косово и Метохија, Александар Вулин.

Седницата на Собранието на општината Лепосавиќ ќе се одржи во 12 часот, а седницата на Собранието на општината Зубин Поток во 14 часот, соопштила Канцеларијата за Косово и Метохија (КиМ).

Јаблановиќ и Вуловиќ избрани се за градоначалници на локалните избори во КиМ, што се одржаа на трети ноември, од листата на Граѓанската иницијатива „Српска“.