Вулкан во Костарика исфрли пепел и гас на височина од еден километар

Вулканот Туриалба во Костарика исфрли гас и пепел на височина од еден километар, што е најголемата активност на овој вулкан во изминативе дваесет години, пренесува МИА.

Властите почнаа со евакуација на населението од околните села. Затворен е аеродромот во главниот град Сан Хосе кој се наоѓа на околу 50 километри од вулканот.

Туриалба се активира и во октомври, кога исфрли лава, за првпат од 1863 година.