ВИДЕО: Украинската војска го зазела аеродромот во Крамторск, има повредени

Украинските војници го зазеле аеродромот во близина на источниот град Краматорск, а неколку луѓе се повредени, изјавил анти-Мајданските активисти чии изјави ги пренесе руската новинска агенција РИА Новости.

Војници на воениот аеродром пристигнале со транспортери. Аеродромот се наоѓа меѓу градовите Краматорск и Славјанск, изјавиле телефонски за РИА Новости активистите припадници на народната милиција која била на тој аеродром.

„Тие почнаа со преговори со народната милиција, која го контролира аеродромот. Пукањето почна неочекувано. Има повредени меѓу припадниците на народната милиција, а можеби и мртви“, изјавиле активистите.

Другите припадници на милицијата го блокирале влезот во градот Крамторск и подготвени се да се бранат, рекле активистите.


 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.