„Взглјад: Ерата на себичноста

Додека демонстрантите во Киев бараат начин да влезат во Европската унија, „Европејците“ што веќе се дел од неа се прашуваат како да излезат од европското семејство, пишува „Взглјад“.

Во овој момент украинските националисти сакаат да ги пуштат во Европа, а националистите од земјите-членки на Унијата сакаат или таа да се распушти или барем да не се донесуваат нови членки во неа, вклучувајќи ја и Украина. Зошто едните националисти се надеваат толку многу на Брисел, а другите го навредуваат со најлоши зборови?

Украинците не излегоа на улица само поради разочараноста од откажувањето на потпишувањето на договорот за асоцијација на државата со Европската унија, туку и поради отфрлањето на Виктор Јанукович како претседател и како личност.