WEF: Македонија со најдобра даночна политика во регионот

На неодамна објавената листа за глобална конкурентност на Светскиот економски форум (WEF), Македонија е најдобро рангирана земја од сите балкански држави во однос на ефектите од даночната политика врз желбата за вложување и ефектите на даночната политика врз основа на желбата за работа.

Во однос на ефектите на даночната политика врз основа на желбата за вложување, од 144 рангирани земји, Македонија е на 19 место со оцена 4,5 и е сместена во групата земји од 17 до 20 место. Останатите балкански земји се со значително послаби оцени и се многу подолу на листата. Така Црна Гора е на 43 место, Бугарија е 81, Албанија 83, Унгарија е 133, Словенија 134, Србија 136, Грција 141, Романија 140, а Хрватска на 142 место.

dddanocna-politikaaa

Во другата подкатегорија, каде што се анализирани ефектите на даночната политика врз основа на желбата за работа, Македонија исто така е најдобра во регионот и е рангирана на 19 позиција со оцена 4,4. Зад неа се Албанија на 53 позиција, Бугарија 91, Унгарија 128, Србија 136, Словенија 137, Грција 138, Хрватска 142.

index_rad-520x927

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.