сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

WikiLeaks објави податоци за шпионирање од САД на кандидатите на француските претседателски избори во 2012-та

Aмериканското разузнавање се обидувало да собере информации и за опозициските кандидат, особено за нивните односи со административната и бизнис елитата и нивните ставови за политиките на САД

cia

Поврзани вести

Организацијата WikiLeaks, позната по објавување на доверливи документи на светските влади, објави во петокот документи според коишто американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во 2012 година ги шпионирала кандидатите за претседател на Франција.

Според документите до коишто дошол и ги објавува интернет ресурсот, CIA ги надзирала сите водечки политичари кои во 2012 година се кандидирале за должноста претседател на Франција, којашто е сојузник на САД во НАТО. Меѓу нив се тогашниот десничарски претседател Николас Саркози, сегашниот социјалистички претседател Франсоа Оланд, лидерката на крајната десница Марин Лепен, и влијателните политичари од Социјалистичката партија Доминик Строс-Кан и Мартин Обри, коишто во почетокот на кампањата се кандидираа, но потоа се повлекоа.

Под надзор и Саркози и опозицијата

Во засебен документ на CIA се поставени прашањата, според кои се претполага дека се очекува да се соберат информации за Саркози. Меѓу тие е и прашањето на рамнотежата на силите во раководството на тогашната партија „Движење за поддршка на републиката“, на чиешто чело тогаш беше тогашниот француски претседател, и промената на идеологијата на оваа партија. Од WikiLeaks во својот коментар истакнува дека проамериканската позиција којашто ја заземал и ја потенцирал Саркози, не го поштедила од прислушувањето од страна на CIA.

obama i sarkozi
Во друг документ, исто така, се укажува дека во 2012 година американското разузнавање се обидувало да собере информации и за опозициските кандидати. Меѓу нештата кои биле од особен интерес за CIA биле односите на кандидатите со административната и бизнис елитата, нивните ставови за политиките на САД, обидите да се воспостават врски со други држави, како Германија, Велика Британија, Либија, Израел, Палестина, Сирија, Брегот на слоновата коска. Американците наводно се интересирале за финансирањето на партиите и нивните кандидати.

Акцентот ставен на економијата

Посебно интересни за американското разузнавање биле сознанијата од сферата на економијата. Во документот за начинот на собирањето информации за кандидатите од француската опозиција, биле поставувани прашањата: „Каква политика тие нудат за зголемување на изгледите за економски раст на Франција?“, „Кое е нивното мислење во однос на германскиот модел на раст, кој е ориентиран на извозот?“. На припадниците на CIA во Франција, исто така, им биле порачано да собираат информации за секој подготвуван извозен договор во вредност од над 200 милиони евра.

oland i ibama

Бидејќи француската претседателска кампања во 2012 година се разгоре на фонот на должничката криза во еврозоната и финансиските проблеми на Грција, во документите на CIA се дава налог да се собираат податоци за ставовите на кандидатите за овие проблеми, за нивните позиции во врска со улогите на Франција и на Германија за нивното решавање, како и за ризиците на кои биле изложени француската држава и француските банки во случај на банкрот на Грција поради националниот долг.

Операциите на американските агенти за собирање информации кои имале значење за Вашингтон за кандидатите на претседателската должност во Франција започнале од крајот на 2011 година и се воделе до крајот на септември 2012 година. Се одвивале во пресрет на изборите кои се одржаа во периодот април – мај, но и по нивното завршување кога победи социјалистичкиот кандидат Франсоа Оланд.

Најчитани вести