WIZZ AIR започнува со изградба на нов центар за обука

Компанијата „Wizz Air“, една од најбрзо растечките авио-компании во Европа и водечки ниско-буџетен оператор во Централна и Источна Европа, денес објави дека ќе отвора нов центар за обука до крајот на 2018 година. Новиот објект ќе има два нови најсовреми симулатора за целосен лет, како и сосема нов кабински тренер за итна евакуација и вистински противпожарни помагала.

Додека авио-компанијата продолжува со силниот раст низ цела Европа, со повеќе од 20 отсто годишно и сака тројно да ја зголеми својата флота во претстојната деценија, новиот модерен центар ќе му овозможи на WIZZ да го зголеми капацитетот за обука до 100 членови на екипажот дневно, растејќи до повеќе од 250 во иднина, истовремено одржувајќи ги највисоките стандарди.

Лоциран на пет минути од меѓународниот аеродром во Будимпешта „Ференц Лист“, објектот ќе биде најголем центар за обука поврзан со воздухопловството во регионот и еден од најнапредните во Централна и Источна Европа, изграден со ефикасен и еколошки инженеринг и опремен со најновите технологии достапни на пазарот. Во прилог на трите симулатори и обучувачот на кабината, објектот од 3.800 квадратни метри ќе вклучува 14 простории за обука, канцелариски дел, големо лоби и соба за пауза и рекреација. Објектот може да се прошири со дополнителни симулатори или повеќе простории за обука давајќи на компанијата додадена флексибилност и простор за нејзиниот иден раст.

„До крајот на 2018 година, ќе имаме меѓународен тим од над 1.000 пилоти и 2.000 кабински екипаж кој ќе се обучува постојано. Овие бројки би можеле тројно да се зголемат за 10 години, како резултат на експанзијата на Wizz Air. Овој нов објект ќе ги подобри можностите за обука и регрутирање и ќе ја засили нашата посветеност кон најдобри стандарди за обука, додека истовремено го поддржуваме брзиот раст на нашата компанија“, изајви Дидерик Пен, потпретседател и главен оперативен директор на Wizz Air.

Двата нови Full Flight Симулатори на Ербас А320 ќе бидат испорачани од страна на CAE, глобален лидер во решенијаза обука во областа на воздухопловството за пазарот на цивилна воздушна пловидба, кој исто така ќе обезбеди непречено работење и одржување на уредите за обука во наредните 10 години.

ЊНие сме горди што го поддржувавме Wizz Air за обука на своите пилоти и работењето на нивната опрема “, рече Ник Леонтидис, претседател на групацијата CAE, решенија за обука за цивилно воздухопловство. ЊНие сме среќни што можеме да го прошириме нашето партнерство со Wizz Air и да го поддржиме нивниот раст со нашите сеопфатни решенија за обука”.

Двата нови симулатори Ербас А320 за целосен лет ќе бидат испорачани од страна на CAE, глобален лидер во решенија за обука во областа на воздухопловството за пазарот на цивилна воздушна пловидба, кој исто така ќе обезбеди непречено работење и одржување на уредите за обука во наредните десет години.

“Ние сме горди што го поддржувавме Wizz Air за обука на своите пилоти и работењето на нивната опрема за обука”, рече Ник Леонтидис, претседател на групацијата CAE, решенија за обука за цивилно воздухопловство. “Ние сме среќни што можеме да го прошириме нашето партнерство со Wizz Air и да го поддржиме нивниот раст со нашите сеопфатни решенија за обука”.

 

Wizz Air е најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 96 “Airbus A320” и “Airbus A321” авиони и нуди над 600 рути од 28 бази поврзувајќи 141 дестинации низ 44 држави. Во Wizz Air, преку 4000 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 29,6 милиони патници до 31 Март 2018. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ и се вклучени во „FTSE 250“ и „FTSE All – share Indices“.Wizz Air е регистриран од страна на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), оперативна ревизија за безбедност (IOSA), глобален репер за безбедност на авиокомпанија.Wizz Air беа именувани за авиокомпанија со најдобри вредности за 2017та година од страна на „Air Transport Worlf“ (ATW), еден од најголемите мултимедијални предавачи на информации и услуги на глобалниот авиопазар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.