WP објави снимка од искажување на лидерот на републиканците за „врските“ на Трамп со Русија

© AFP 2017 / Saul Loeb

Весникот The Washington Post тврди дека челникот на републиканската фракција во американскиот Конгрес, Кевин Меккарти претпоставувал во приватен разговор, дека тогаш уште претседателскиот кандидат Доналд Трамп го плаќаат руските власти, но се истакнува дека автентичноста на снимката не е потврдена уште.

Весникот објави текст во којшто, како што се тврди, е препис од аудио снимка направена на 15 јуни 2016 година, на којашто наводно Кевин Мекккарти зборува: „Мислам дека (рускиот претседател Владимир) Путин им плаќа на две лица – Рорабакер и Трамп“. Дана Рорабакер и, конгресмен од Калифорнија, којшто, како и Трамп, претходно се изјаснуваше за соработка со Русија во борбата против тероризмот.

Како што се наведува во текстот, натаму на снимката се слуша гласот за кој се тврди дека е на спикерот на Претставничкиот дом, Пол Рајан: „Тоа не се снима. Никакви истекување, во ред? Па знаеме дека ние сме вистинско семејство. Не треба да се изнесува влакната облека во јавноста“, рекол, според тврдењето на весникот, Рајан.

Весникот The Washington Post не го наведува изворот на оваа информација, но статијата не e апострофирана на Вашингтон, туку од Киев. Се тврди дека разговорот се одржал по средбата на републиканците со украинскиот премиер Владимир Гројсман.

Засега ниту весникот, ниту другите медиуми не добија коментари од Рајан и Маккарти во врска со написот. Но се потсетува дека Белата куќа и руските официјални претставници повеќепати ги негираа тврдењата дека кампањата на Трамп била наводно финансирана од Русија.

Разговорот, како што пишува весникот, наводно се водел пред Трамп да биде номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија, но откако беше објавено за претпоставените хакерски упади во компјутерите на Националниот комитет на Демократската партија.

Подоцна американските разузнавачки агенции за овие кибернетички напади ги обвинија руските специјални служби, врз основа на што беше изведен заклучокот за наводното руско мешање во американскиот изборен систем. Истрагата за ваквите тврдења ги водат Федералното биро за истраги (FBI) и двата дома на Конгресот.