Yahoo: Најмалку 50.000 Македонци протестираат во Скопје

Најмалку 50.000 Македонци, протестираа во вторникот во Скопје против коалициска влада меѓу Социјалдемократите и етничките Албанци, кои тие го доживуваат како закана за националното единство на земјата.

Протестот се одржа додека комесарот на Европската Унија за проширување, Јоханес Хан, го посети македонскиот главен град.

ЕУ побара од Претседателот Ѓорге Иванов уште еднаш да го разгледа неговото одбивање да го задолжи лидерот на СДСМ Зоран Заев, со формирање на влада со етничките Албанци.

На неубедливите изборите во декември, конзервативната ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 51 место во Собранието од 120 места – или два повеќе од СДСМ.

Меѓутоа, конзервативците не успеаја да постигнат договор со партиите на етничките Албанци.

Тогаш Заев доби поддршка од албанските партии, со што собра 67 пратеници во Собранието и го отвори патот за формирање влада.

Иванов, претходно овој месец изјави дека нема да го даде мандат на кој било кој поддржува платформа „што го поткопува суверенитетот на Македонија, територијалниот интегритет и независност“.

Тој мислеше на контроверзното барање на малцинските партии на етничките Албанци кои го поддржаа Заев, дека албанскиот јазик треба да биде службен јазик низ цела Македонија.

Етничките Албанци сочинуваат околу една четвртина од 2,1 милиони жители на земјата.

Претседателот, кој во вторник беше во посета на Унгарија, преку кабинетот соопшти дека тој нема да биде во можност да се сретне со Хан и повтори дека нема да го именува Заев за мандатор.

Граѓаните во знак на протест во последните три недели, особено во Скопје, веејќи го националното знаме повикаа на единство.

Македонија е заглавена во длабока политичка криза во последните две години, предизвикана од скандалот со прислушувањето.