Службите на општина Гази Баба со продолжено работно време за примање барања за легализација

Заради истекот на продолжениот рок за поднесување на Барања за легализација на бесправно изградени објекти, на 29 и 30 март, службите на општина Гази Баба барањата ќе ги примаат до 20 часот, додека на 31 март барањата ќе ги примаат до 24 часот.

Потребната документација граѓаните можат да ја достават во едношалтерскиот систем на општината.

Во општина Гази Баба во првиот рок беа поднесени вкупно 15.587 барања за легализација на бесправно изградени објекти, решени се 6940 од кои 5800 позитивно, а увид од страна на комисиите е направен на 9816 барања.

До денеска во продолжениот рок, поднесени се 1.656 барања.

Рокот за поднесување на геодетски елаборати е 31.декември 2016., за старите, односно 31.декември 2017. година за новоподнесените барања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.