За 1,1 милион евра „Турбоинжинеринг“ ќе го доградува Милениумскиот крст

Градежната компанија „Турбоинжинеринг“,  за 69 милиони денари ќе го доградува Милениумскиот крст. На вчерашното јавно наддавање во игра беше и скопски „Бетон“.

Според првичните тендерките понуди, „Бетон“ за градежните активности бараше 69 милиони денари, додека „Турбоинжинеринг“ 74 милиони денари.

Изведувачаот во рок од девет месеци ќе требало да го доизгради Милениумскиот крст. Најголем дел од парите ЈСП ќе ги обезбеди преку владини донации, иако Советот на Градската власт на ова претпријатие веќе му даде зелно светло за трошење на 120 милиони денари за овој проект.

Од „Турбоинжинеринг“  се очекува да направи антикорозивна заштита на металната конструкција, која што по правило се прави на десетина години. Треба да го изгради ресторанот во кружната соба, а исто така да изгради водовод, одвод, прочистителна станица, ново осветлување и нов лифт кој ќе води до краците.

 

Како што наави директорот на ЈСП, Мишо Николов, ресторанот би требало да биде ставен во употреба уште летово, а со него ќе стопанисува сопственикот на ресторанот „Воденица“, Стојан Филиповски.

Засега Македонската православна црква не е заинтересирана да гради црква во темелите, односно во најнискиот дел од објектот, иако тоа е предвидено со основниот проект на авторите Жан Стефановски и Оливер Петроски.

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.