Македонија

За 10,4 отсто зголемен бројот на рабониците во индустријата

За 10,4 отсто зголемен бројот на рабониците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава е зголемен за 10,4 отсто во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работници е зголемен за 12,5 проценти во секторот Преработувачка индустрија, а опаѓање од 2,8 проценти има во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 отсто.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,2 отсто, Капитални производи за 111, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент, додека опаѓање е забележано кај Енергија за 4,6 отсто.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период 2013 година пораснал за 7,7 отсто.