ТОП,Македонија

За 10 години отворени се 49 поголеми гринфилд компании

За 10 години отворени се 49 поголеми гринфилд компании

Изминативе десет години во Македонија се привлекоа 49 поголеми гринфилд инвестиции и стотици помали, наведе владеачката партија во отчетот во неделата.

Како што беше посочено, овие инвестиции овозможија креирање 17 илјади нови работни места со најава за дуплирање на бројката на 34 илјади во следните три години.

Странските инвеститори го поттикнаа домашниот бизнис

Странските инвеститори значително го поттикнаа и домашниот бизнис, обезбедувајќи ангажман за стотици домашни фирми. На зголемувањето на оваа соработка активно се работи.

Влијае за паралелно развивање на капацитетот и квалитетот на македонските компании. Квалитетот на производството и конкурентноста на македонските компании, покрај оваа соработка што ја имаат со директните странски инвестиции, се покажува и на друго поле, односно добивање на дополнителни можности за зголемување на извозот на македонските производи, велат од Сојузот на стопански комори.

Годинава отварање на најголемиот рудник за злато во ЈИЕ

Значително раздвижување е забележано и во рударството. Покрај наоѓањето инвеститор за Злетово и Тораница, годинава се очекува да се отвори руднкиот Казандол, како и најголемиот рудник за злато во Југоисточна Европа, Иловица.

Годинава отварање на најголемиот рудник за злато во ЈИЕ
Годинава отварање на најголемиот рудник за злато во ЈИЕ

Минатата недела заврши електронската јавна аукција за концесија на Злетово и  Тораница и компанија од Бугарија беше со највисока понуда. Процесот трае и во следната недела ќе има официјален концесионер. Понатаму уште една фаза откуп на стечајна маса што треба да ја објави стечајниот управител и ќе се премине кон правење план за рестартирање. Првата фаза ќе почне во јуни и за 3 месеци концесионерот ќе може да ги ангажира поголемиот дел од вработените во овие два рудници. Тоа е многу важно за овој крај бидејќи повеќе од 920 рудари очекуваат да се вратат на работа. Во текот на оваа година уште 2 рудници ќе почнат со градба, Казан Дол и најголемиот во југоисточна Европа, рудникот за злато и сребро на Еуромакс, која е околу 500 милиони евра во отворање на рудникот и очекуваме 1000 луѓе да бидат вработени. Ако досега во историјата на Македонија беа издадени 54 концесии, за овој период имаме издадени 217 концесии за експлоатација и ќе очекуваме да се отворат уште повеќе рудници, истакна заменик-министерот за економија Кристијан Делев.

Изминативе 10 години над 2,6 милијарди евра странски инвестиции (повеќе на следната страница…)