За 10 месеци турските сили ликвидирале над 3.700 членови на ПКК

Во извештаите на полициските органи е посочено дека при ови акции досега „биле неутрализирани вкупно 5.629 терористи“. Од нив, 3.765 биле убиени, а 604 се ранети.

Уапсени се и 664 лица, а 596 припадници на ПКК се предале самите.

Во извештаите се наведува дека од крајот на јуни 2015 година, па досега, при операциите против ПКК и младинскиот огранок на групата, биле уапсени 11.331 лица.

При судирите со курдските борци во југоисточна Анадолија загинале над 400 припадници на турските безбедосни сили.

Според официјалните информации, од 7 јуни 2015 година до 17 април 2016 година, терористите убиле 240 војници, 157 полицајци и деветмина стражари.