За 10 милиони евра поголем извоз на храна во првиот квартал

За 10 милиони евра е поголем извозот на прехранбени производи во првите три месеци годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Во првиот квартал годинава извозот на храна достигна 66,3 милиони евра и е за 17,7 % повеќе споредено со истиот период лани.

Според податоците за трговската размена за 11,6 милиони евра или за 60% е зголемен извозот на овошје и зеленчук на вкупно 32,2 милиони евра, а за 300 илјади евра е зголемен извозот на жита и преработки од жита на вкупно 14,7 милиони евра. Во првиот квартал годинава пак месната индустрија извезла месо и месни преработки во вредност од 8,5 милиони евра. Според поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски ефектите од агресивната политика во земјоделството на Владата даваат позитивни резултати, во прв ред зголемување на приносите и квалитетот на прехранбени производи, а со тоа и зголемување на извозот на храна.

Покрај тоа што е проширена земјоделската површина, и зголемен вкупниот обем на земјоделско производство, сосема е логично дека ке биде зголемен извозот на македонски земјоделски производи. Драстично е зголемен и извозот, а податокот од 2016 до сега година е дека е 242 милиони евра е релизиран извоз, затиоа Македонија како добро развиена земјоделска држава е предоредена да биде и извозно ориентирана, затоа што само 20 до 30% од производството се троши на македонскиот пазар и ние мораме да наогаме извози, како да се пласирате на странските пазари. Ова е комплексно прашање, немерливи се резултатаите , мислам дека има над една милијарда евра од 2006 до сега распределено субвенции, а само кога ќе видите колку е вкупниот извоз или производството , сите овие средства кои се влиожени и тоа вложување не смее да запре и понатаму да продолжи, не само што дава резултати туку тоа е очекување на самите земјоделци, вели Димовски.

Намалување на извозот има кај млечните производи и јајцата и тоа за скоро 50 % на вкупно 1,7 милиони евра.

Во исто време расте и увозот на прехранбени производи. Во првиот квартал се е увезена храна во вредност од 126 милиони евра што е зголемување за 6,4 милиони евра. Увозот на жита и преработки од жита е поголем за 3 милиони евра на вкупно 19,7 милиони евра, а увозот на овошје и зеленчук е поголем за 1,3 милиони евра на 22,4 милиони евра. Од прехранбени производи вредносно гледано најмногу увезуваме месо и месни преработки при што во овој период во земјата се увезени во вредност од 24,6 милиони евра, пишува Лидер.мк.