За 13 дена повеќе од 23.000 луѓе избегале од Сирија во Турција

Повеќе од 23 илјади лица избегале од Сирија во соседна Турција во периодот од 3 до 16 јуни, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), потпирајќи се на податоците добиени од турските власти.

Портпаролот на УНЦХР, Вилијам Спиндлер изјави дека тие бегалци повеќето се Сиријци кои побегнале од борбите меѓу ривалските оружени групи кај пограничниот град Тел Абјад, но и дека меѓу нив има 2.182 Ирачани од Мосул, Рамади и Палуџа.

– Персоналот на УНХЦР соопштува дека повеќето од бегалците се исцрпени и уморни како и дека дошле носејќи со себе само по неколку работи. Некои оделе со денови, соопшти тој на брифингот во Женева.

Во Турција во моментот се регистрирани повеќе од 1,7 милиони сириски бегалци, потенцираше Спиндлер