За 160.000 барања за легализација на дивоградби сеуште не се поднесени елаборати

Остануваат уште 10 месеци за поднесување на елаборати за легализација на дивоградби. Во Република Македонија вкупно има поднесено 360 000 брања до општините за легализација на дивитеградби. Заклучно до среда во Катастaрот биле запишани 116.000 објекти. За 160.000 барања за легализација на дивоградбите се уште нема поднесено елаборати, иако крајниот рок до кога граѓаните треба да ги комплетираат документите е декември.

Директорот на Агенцијата за кататстар на недвижости Славче Трпески упати апел  до граѓаните кои немаат направени геодетски елаборати  до јуни  да се обратат до геодетските фирми за да имаат време да се направат, затоа што огромна е бројката на елаборати кои не се направени, а мала е бројката на геодетски фирми.

-Од анализите што ги направивме во соработка со приватните геодетски фирми видовме дека приватните геодетски фирми имаат направено 200000 елаборати. Самиот процес започна во 2011 година, за 4 години приватните фирми направиле 200 000 елаборати. Ни остануваат уште 10 месеци, а треба да се направат уште 160 000 елаборати. Вкупно има приватните геодетски 149 фирми, истакна Трпески.

Упатувам апел до граѓаните, рече Трпески, веднаш да се упатат до приватните геодетски фирми бидејќи во разговорите со нив констатиравме дека доколку предметите се поднесат после јуни или јули прашање е дали ќе можат да ги завршат до декември.

-Декември е рокот кога граѓаните елеборатите треба да ги однесат во општина, а не да појдат во декември кај геодетските фирми, истакна Трпески.