Крими хроника

За 24 часа 12 сообраќајки во Скопје, повредени 9 лица

За 24 часа 12 сообраќајки во Скопје, повредени 9 лица

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, тројца пешаци, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Незгодата се случила во 7 часот и 50 минути на бул. „Јане Сандански“, наспроти ТЦ „Три бисери“ помеѓу два автобуси, управувани од граѓани на Скопје. Како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле тројца патници во автобус, а со полесни повреди двајца возачи на автобус и 10 патници во автобус.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци. Ќе одржи и едукативни работилници во ОУ „Климент Охридски“ кое се наоѓа во населеното место Драчево на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од второ и четврто одделение.

По повод Денот на албанското знаме средношколците од средните училишта „Цветан Димов“ и „Арсение Јовков“ денеска ќе одржат марш со почеток во 12 часот кој ќе трае до 15 часот. Учесниците на маршот ќе започнат да се движат пред зградата на СУ „Цветан Димов“, во продолжение по ул. „Џон Кенеди“, кај „Веро“ десно по ул. „Цветан Димов“, во продолжение по бул. „Крсте Мисирков“, десно по бул. „Гоце Делчев“ до плоштадот „Скендербег“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот. Од сообраќајната полиција апелираат учесниците кои ќе дојдат на маршот да ги почитуваат знаците и наредбите коишто ќе им бидат давани од страна на сообраќајни полициски службеници.