понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 32

За 24 часа издадени 2.895 пртврди за барање азил на мигранти

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

migranti

Поврзани вести

За последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.895 странски државјани, од кои 1.261 се од машки пол, 606 се од женски, 1.017 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Единаесет деца патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.368, Авганистан – 765 и Ирак – 762.

Во периодот од 19 јуни 2015 до вчера издадени се потврди на вкупно 380.152 странски државјани, од кои, 205.605 се од машки пол, 64.168 се од женски, 92.279 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.100 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 212.036 потоа Авганистан – 93.878, Ирак – 52.797, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина – 2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.317, Конго – 514, Алжир – 453, Либан – 434, Нигерија – 279, додека останатите се во помал број.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 84 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 56 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 28 декември 2015 година евидентирани се вкупно 24 баратели на азил од кои 12 мажи, две жени и 10 деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Најчитани вести