Македонија

За 24 часа издадени 958 потврди на бегалци за барање азил

За 24 часа издадени 958 потврди на бегалци за барање азил

МВР во текот на вчерашниот ден издало вкупно 958 потврди на бегалци за остварување на правото на азил во земјава.

Од 958 потврди на бегалци, 665 се издадени на мажи, 155 на жени, 107 на деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на уште 32 деца кои патуваат без родител.

Најмногу издадени потврди на бегалци од Сирија

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-806,  Авганистан –80, Ирак-44, Палестина-15, Пакистан-седум, додека другите се во помал број.

– Во периодот од 19 јуни до денес издадени се потврди на вкупно 69.743 странски државјани, од кои, 46.913 се од машки пол, 9.610 се од женски, 11.360 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.860 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, стои во соопштението.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-56.617, потоа Авганистан-4.166, Ирак-3.260, Пакистан-1.983 Палестина-823, Сомалија-583, Бангладеж-477, Конго-328, Нигерија-208, Камерун-163 Еритреја-146, Етиопија-117, Судан-103, додека останатите се во помал број.

begalciiiiii

Нема нови барања за азил

Во текот на изминатиот ден до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

– Од започнувањето на издавањето на потврдите до денес до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, се додава во соопштението.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите од машки пол. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 1 баратели на азил – малолетно лице е без придружба на старател е згрижен на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од МВР.