За 24 часа издадени потврди на 2.055 мигранти

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.055 мигранти, од кои, 1.138 се од машки пол, 301 се од женски, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 133 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.115, Авганистан – 618, Ирак – 175, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 11.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 132.782 мигранти, од кои, 86.819 се од машки пол, 17.704 се од женски, 23.378 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.881 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 94.413, потоа Авганистан – 20.235, Ирак – 8.669, Пакистан  -3.274 Палестина – 1.296, Иран – 1.190, Сомалија – 757, Бангладеж – 744, Конго – 426, Нигерија – 233, Камерун – 204,  Еритреја – 173,  Етиопија – 144, Судан – 123, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 10.10.2015 до 11.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, за искажана намера за поднесување на барање за признавање за право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 68 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.