недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 44

Германија ќе вклучи 1.200 војници во операцијата на Франција против ИД

Од воена гледна точка за опслужување на авионите и бродовите ќе бидат потребни околку 1.200 војници - изјави Викер во интервју за денешното издание на весникот „Билд ам Зонтаг“.

Германија ќе вклучи 1.200 војници во операцијата на Франција против ИД

Германија ќе вклучи 1.200 војници во операцијата на Франција против ИД

Поврзани вести

Германија планира да вклучи околу 1.200 свои војници во операцијата на Франција против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, најави главниот инспектор на германските Вооружени сили, Фолкер Викер.

Од воена гледна точка за опслужување на авионите и бродовите ќе бидат потребни околку 1.200 војници – изјави Викер во интервју за денешното издание на весникот „Билд ам Зонтаг“.

Како што јави ТАСС, доколку се остварат ваквите најави на Викер, тоа ќе биде најголема мисија на германската армија надвор од границите на земјата по Втората светска војна.

Викер наведува дека германската Влада планира до крајот на годинава да побара од Парламентот да ја одобри мисијата на Бундесверот во Сирија.

 Операцијата ќе започне веднаш, штом ќе биде одобрена – додава Викер.

Две недели по нападите во Париз на 13 ноември, германската Влада реши да го прифати барањето на Франција за помош во нејзината операција во Сирија.

Според најавите од Берлин, Германија во реонот на Блискиот Исток планира да испрати извидувачки авиони од типот „Торнадо“, една фрегата и неколку авиони-цистерни, кои би претставувале логистичка поддршка на француската операција.

Викер во интервјуто вели дека германското Воено водухопловство е подготвено да вклучи четири до шест авиони „Торнадо“ во мисијата во Сирија, кои би биле сместени на две локации.

Во моментов преговараме со Турција и со Јордан за да ни овозможат користење на базите во Имџирлик и Аман – вели Викер, додавајќи дека смета оти во моментов не е целисходно германските авиони да учествуваат во воздушни напади во Сирија.

Најчитани вести