понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 35

За 24 часа во Грција пристигнале 82 мигранти

begalci

Последни вести

Во Грција денеска се регистрирани 57.015 бегалци и мигранти, а во последните 24 часа пристигнале 82 нови лица.

Според Координативното тело за управување со бегалската криза, 21.904 од бегалците се во северна Грција, 10.149 се сместени во регионот на Атика и 2.687 се во централниот и јужниот дел на Грција. Вкупно 7.527 бегалци и мигранти се сместени во неколку објекти изнајмени од страна на УНХЦР, 2.859 се во организирани објекти и 2.200 лица живеат вон организирани сместувачки центри.

На островите во источниот дел на Егејското Mоре има 9.689 бегалци и мигранти.

Најчитани вести