За 24 часа во Скопје 8 сообраќајки

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, како и пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 85 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Рајко Жинзифов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.