За 24 часа во Скопје седум сообраќајки

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден велосипедист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 13 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 12 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, како и четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 69 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „26 Јули“ кое се наоѓа на територијата на општина Шуто Оризари со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.