За 24 милиони фунти Карваљо од Спортинг во Арсенал

Португалскиот фудбалер Вилијам Силва де Карваљо е најновото засилување на Арсенал, објавија англиските медиуми. Тој следните пет години ќе го носи дресот на премиерлигашот од Лондон.

За ангажманот на 22-годишниот играч од средниот ред „Топџиите“ на Спортинг Лисабон ќе му плати оштета од 24 милиони фунти.

До договор меѓу двата клуба дојде по согласноста на португалскиот тим да го намали првичното побарување од 37 милиони фунти за предвремен раскин на договорот.

Интерес за Карваљо во преодниот рок покажуваа и Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.