За 4 години намалена цената на 4.700 лекови

Намалени цените на нови 282 лекови

Намалувањето на цената на лековите е една од крупните реформи во здравството.

Ова денеска го истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, потенцирајќи дека намалени се цените на 4700 во рок од четири години.

Преку оваа системска мерка во рок од 4 години се намалени цените на преку 4700 лека во Македонија кои многукратно поевтинија од претходно и се подостапни за граѓаните. Здравствениот систем заштеди преку 33 милиони евра кои ги вложи во реновирање, реконструкција, усовременување на методите и со две мерки кои помогнаа во тоа паралелниот увоз и централизираната набавка на лекови. 43 мил евра заштеда во овие неколку години кои ги користиме многу порационално, потенцираше Стефаноски.