За 5 дена над 20.000 луѓе избегале од Доњецк и Луганск

Околу 22 илјади луѓе избегале во период од пет дена од источните украински градови Доњецк и Лугањск поради постојаните артилериски напади врз двата града, кои се упоришта на проруските бунтовници во Источна Украина, јави ИТАР-ТАСС, повикуваќи се на податоци од ОН.

Извештајот изработен од Агенцијата на ОН за координирање на хуманитарни прашања, ја опишува ситуацијата во градовите на 15 август. Меѓу 1 и 8 август Доњецк и Луганск ги напуштиле околу 6.200 лица.

Хуманитарните потреби во регионот продолжуваат да се зголемуваат, истакнува ОН. Над 200 илјади жители на Лугањск се без електрична енергија, вода за пиење и комуникациски врски повеќе од 10 дена. Најмалку 2.119 лица се убиени, а 5.043 се повредени во судирите во Украина од средината на април до 13 август покажуваат податоците на ОН.