За 50.000 евра, Северина за Нова Година во Пореч

Поп пејачката Северина новогодишниот ангажман го договорила уште во летниот период. Ако досега српската пејачка Цеца го држеше балканскиот рекорд за Новогодишен настап со 30.000 евра, овојпат Севе котира многу повисоко.

Таа уште еднаш докажа дека е еден од најценетите уметници на Балканот, па така за новогодинешниот настап на име хонорар ќе добие вртоглава сума.

Северина е ангажирана да настапува во еден клуб во Пореч, којшто за нејзиниот настап ќе одвои неверојатни 50 000 евра. Пеачката својот настап во овој клуб го договорила уште летото, кога таму имала низа настапи.

Колку Северина му значи на овој град, кажуваат и зборовите на градоначалникот Еди Штифаниќ, кој истакнал дека тој е повеќе од задоволен дека таа токму во Пореч ќе ја помине најлудата ноќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.