За 50 денари, Македонка доби 60.000

Денот на жената 8 Март беше прославен со убав подарок- добивка од 60 илјади денари, благодарение на Инстант лотаријата Подарок.

-Нашата најнова среќна добитничка се почастила со еден лоз ПОДАРОК од продажното место Вен Марк во Свети Николе. Ова се покажало како најдобар и најсреќен  избор. Позади полето за гребење се појавиле трите идентични суми – 60.000 денари- гаранција за сигурна добивка. Најновата добитничка на Државна лотарија на Македонија, С.П од Св.Николе е редовен играч на игрите на среќа, а ова и е првата поголема добивка. Интересно е тоа што токму Свети Николе е единствениот град, покрај Скопје и Битола, во кој досега се случи 7ка на НовоЛото 7/34 и тоа  од жена играч на среќа. Таа на своето семејство му донесе радост и голема добивка, со нејзината верба во среќата, велат од Државната лотарија.

Инстант лотаријата ПОДАРОК има цел да ви ги развесели празниците и секој обичен ден да го направи посебен. ПОДАРОК ви овозможува да решите што да подарите за роденден, празник или друг повод, да развеселите некого или самите себе.

Во среќата треба да се верува. Со продажните места на Државна лотарија на Македонија, таа е речиси секаде блиску до вас.