За 50 години постоење ОУ „Рајко Жинзифов“ доби клавинова од Кисела Вода

Општина Кисела Вода со донација го одбележа 50 годишното постоење на училиштето „Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”. За потребите на кабинетот по музичко воспитување, беше дониран музички инструмент-клавинова, со што, општината им излегува во пресрет на учениците за реализирање на програмата и дава свој придонес во модернизацијата на наставата.

На свеченоста по повод 50 годишниот јубилеј на училиштето, директор Даниела Костадинова, им се заблагодари на сите вклучени во изградбата на новото најсовремено училишно здание, кое профункционира оваа учебна година и кое настана како резултат на соработката помеѓу македонската Влада и НР Кина, како и преку постојаните заложби на општина Кисела Вода која беше важна карика во целиот овој процес.

За сево ова, таа им врачи благодарници на градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и на претставникот на Абасадата на НР Кина во Р. Македонија, економскиот оветник Ју Џуџин.

Во свеото обраќање градоначалникот Беличанец-Алексиќ честитајќи го големиот јубилеј, истакна:

-Да се биде дел од секојдневието на ова училиште, како дел од тимот кој работи на решавање на сите предизвици, за општина Кисела Вода, а и за мене како градоначалник, значи благородна, но пред се’, одговорна задача. Голема е нашата радост што испишувајќи ги страниците од дневникот на ова училиште, 50те години растеж ги заокруживме со нов училишен објект, за кој слободно можеме да кажеме дека е најубавото училишно здание во Македонија. За ова сме исклучително благодарни на НР Кина и Владата на РМ кои преку потпишаниот договор за билатерална соработка ја овозожија изградбата на  објектот и со тоа го подигнаа квалитетот на образовниот процес. Заложбите на општина Кисела Вода, за создавање на нови успешни приказни на учениците кои од овде ќе зачекорат кон животот, продолжуваат понатаму.

9rajko