Балкан

За 50 отсто зголемен бројот на Косовци заболени од рак

За 50 отсто зголемен бројот на Косовци заболени од рак

Бројките на Националниот институт за јавно здравје на Косово покажуваат раст на заболените од карцином во 2014 година за речиси 50 отсто, пишува денеска „Коха диторе“.

Додека во 2013 година имало 1.483 нови регистрирани случаи на карцином, само во првото полугодие на минатата година регистрирани се 1.170 случаи.

Овие бројки ги објави националниот координатор за борба против карциноми на Косово Елвис Ахмети, по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против ракот.

Според него, карциномот на дојка, на грло на матка, на желудник и на дебелото црево се меѓу најраспространетите.

Според директорот на Канцеларијата на СЗО на Косово Скендер Суља, прогнозите врзани за статистичките податоци за карциномот не се добри ниту на глобален план.