За 60 отсто зголемени платите во културата

Вработените во културата, односно вработените во театрите, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, од 2007 година до сега добија зголемување на платите за повеќе од 60%.

Станува збор за конкретна мерка која беше насочена за огромен број на вработени во културата, со која дирекно се влијаеше за подобрување на стандардот на македонските уметници и објективното вреднување на нивниот труд. Со ова зголемување на платите од повеќе од 60% за овие вработени се изврши исправање на една голема неправда кон уметниците во држава кои со години беа изоставувани. Ова покачување на платите во овој сектор беше реализирано без постоење на било какви притисоци.

Во овој период, паралелно со зголемувањето на платите и инвестициите во објектите на културата, драстично се зголеми и бројот на вработени во културните установи, преку вработување на нови лица и преку трансформација на работниот однос на лица кои подолг временски период беа ангажирани во овие институции. Имено, во периодот 2007-2014 година во институциите на културата беа вработени околу 700 лица како уметнички и административно-технички кадар во установите од областа на културата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат од 2006 година до сега изгради 45 нови основни училишта и 5 нови средни училишта. Станува збор за градежни инвестиции во образованието кои се немаа случено децении наназад, а со кои сериозно се подобрија условите за образование на учениците во поголем број на општини од сите региони во Република Македонија.

Паралелно со изградбата на новите објекти, а во насока на подобрување на условите за образование на учениците и условите за работа на наставниот кадар вработен во училиштата, досега се извршени и реконструции на 230 основни училишта и на 80 средни училишта речиси во сите општини во државата. Со овие реконструкции беа решавани долгогодишни проблеми на вработените и на ученици за кои во минатото не постоеше слух од страна на надлежните иституции.

Станува збор за градежни активности кои се финансирани од Буџетот на РМ од кој за образование во 2006 година кога СДСМ беше на власт се издвојуваа 13,5 милијарди денари а во 2014 година од истиот буџет се издвоени 22,4 милијарди денари, односно зголемување е 67%. Зголемување кои говори за промена на пристапот на работа и инвестиции и во областа на образованието.