Македонија

За безбедноста на капачите во Охридско езеро ќе се грижат стотина капачи

За безбедноста на капачите во Охридско езеро ќе се грижат стотина капачи

За безбедноста на капачите на брегот на Охридското езеро и оваа година ќе се грижат стотина спасители. Веќе започна сезоната за капење, спасителите на охридските капалишта стартуваат со работа од 1 јули.

На концесионерите  им остануваат неколку денови да ги одбележат капалиштата,  да обезбедат набљудувачница, соодветен пункт за прва помош и спасителен чамец.

– Сите концесионери треба да имаат обезбедено услови на капалиштата пред се услови  за безбедност  на вода па после тоа потпишуваат договор за користење на концесија. Тоа го направија негде 40% од концесионерите кои потпишаа договор за ангажман на спасителите, изјави Сашо Точков претседател на Црвен крст.

Најголемиот  проблем  се плажите на струшката  страна. Тие не ги почитуваат законските прописи за безбедност на капалиштата.

– Се надевам дека министертсвото за транспорт и врски преку капетанија ќе ги засили контролите и е најде решение за сите капалишта да бидат бесбедни без оглед дали се тие под концесија на локалната, на министерството,  на црквата или било кое. Сите посетители кои доаѓаат во Охрид и кои  ги користат плажите на брегот на Охридското езеро мора да бидат безбедни…

Само минатата  година на брегот на Охридското езеро беа спасени 48 давеници од сигурна смрт,  што е двојно во однос на  2014. Седум години наназад во Охридското езеро не е регистриран инцидент – давеник со смртен исход.