За бугарската партија АТАКА, Крим е дел од Русија

Бугарски пратеници изјавија дека го признаваат Крим како дел од Русија, пишува рускиот неделник „Аргументи и факти“, пишува МИА.

Весникот пишува дека вчера во Симферопољ е одржана средба меѓу парламентарна делегација од бугарската националистичка партија Атака, предводена од нејзиниот лидер Волен Сидеров, и кримските власти.

– Убедени сме дека се што се случило на Крим во периодот на „Кримската пролет“ е правилно. Го признаваме референдумот на Крим и присоединувањето на Републиката кон Руската Федерација. За Бугарија овој Полуостров е дел од руската историја и тука се чувствуваме како во своја земја, изјавил еден од бугарските пратеници на Атака.

Според „Аргументи и факти“, бугарската делегација денеска планира да се сретне со кримскиот лидер Сергеј Аксонов. Пратениците на Атака се убедени дека нивната посета на полуостровот „ќе ги зајакне културните, социјалните и економските врски меѓу Бугарија и Крим“.

Пратеничката од оваа партија Магдалена Ташева истакна дека „околу 80 отсто од бугарските граѓани го поддржуваат референдумот на Крим и неговиот влез во составот на Русија“.