Македонија

За чии интереси одработува Стојан Андов?

За чии интереси одработува Стојан Андов?

Стојан Андов повторно одработува за туѓи, наместо за македонски интереси. Човекот што прославата на референдумот ја помина во Грција не пропушти да “исплука“ по сопствената земја.

Поранешниот лидер на Либералната партија, Андов, во интервју за грчкиот „Катимерини“ вели дека во Македонија се ширела антигрчка пропаганда, Мицоткис бил во право кога своевремено не обвинувал за иредентизам, а македонскиот државен врв бил во делириум.

Зборувајќи за периодот по распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, Андов за грчкиот медиум вели дека од денешна перспектива тој се согласува со обвинувањата на поранешениот грчки премиер Мицотакис дека во Македонија имало иредентисти што сакале да ја наследат историјата на Античка Македонија.

– Кисинџер инсистираше дека Атина треба да не признае како Македонија и да започне период на блики односи. Мицотакис реплицираше дека тоа е тешко и дека климата во Грција не е поволна за вакви чекори. Тој исто така рече дека во Скопје има луѓе со иредентистички аспирации кој што сакаат да станат наследници на историјата на Античка Македонија. Сега гледам, од оваа перспектива после многу години, дека тоа што го предвиде Мицотакис, го гледаме пред нас (значи она што денеска го прави Владата на Груевски) – вели Андов во интервјуто за Катимерини.

Целта на овој политичар очигледно е неуморно и завидливо да се докаже пред одредени политички структури надвор од земјава, иако како залог на тоа го даде достоинството на оваа земја по кое тој плука во неколку наврати.

Андов неодамна го обвини починатиот Киро Глигоров и се обиде да го компромитира.

Тој за „Катимерини“ ја открива и подготвеноста на власта во Македонија во 93- та година за промена на името и тоа почнувајќи од Уставот, во периодот кога тој беше претседател на Собранието, а премиер и шеф на држава беа Бранко Црвенковски и Киро Глигоров. Тогаш Глигоров побарал од него да обезбеди парламентарно мнозинство за менување на македонскиот Устав со цел промена на името во Република Словенска Македонија.

– Еден ден тој ми се јави и ми побара да обезбедам парламентарно мнозинство и да ги осигурам уставниот амандман и уставната промена на нашето име од Република Македонија во Република Словенска Македонија – вели Андов додавајќи дека според Глигоров, овој предлог бил прифатлив и за грчката страна.

За чии интереси работи Стојан Андов?

Првиот спикер во македонското Собрание не бира средства да ја нападне сопствената земја и тоа на најлошиот можен начин- “умилкувајќи“ се кај нашите јужни соседи. Ваквата политика веќе сме ја виделе од наши политичари. Неретко опозиционерите од Македонија се согласуваат и ги “аминуваат“ грчките ставови на штета на нашата земја.

Во таа насока, Андов интервјуто го заврши со уште една невистина како удар за својата земја- тој вели дека мора да ставиме крај на анти-грчката кампања во Македонија.

Андов како искусен политичар, добро ги знае односите меѓу Македонија и Грција, проблемот на јужниот сосед со нашето име, пречките кои постојано ни ги ставаат на патот кој заслуживме да го поминеме.

Останува отворено прашањето- За чии интереси работи Стојан Андов и каков бенефит има од работата против македонските интереси?!