За да им ја тргне магијата им земала 250.000 денари

Струшката полиција поднесе кривична пријава против албанска државјанка осомничена за измама на две лесноверни жени од струшко, а „маѓосаните“ останале покуси за 250.000 денари.

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против Ф.М. (49) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против И.В. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение засторено кривично дело „помагање“.

На 4 мај годинава во струшкото село Јабланица, струшко, Ф.М. со помош на И.В. дошла во домот на Н.Д. каде побарала да ѝ гледа на кафе на Н.Д. и на нејзината снаа. За истото требале да ѝ дадат златен накит и 100 евра.

Откако наивните жени го дале бароното од нив, пријавената им кажала дека треба да го земе златото за да ја тргне магијата и дека ќе им го врати во 15. Потоа заминала од нивниот дом, им оставила телефонски број за контакт, но повеќе не се појавила, а на телефонскиот број не била достапна.

Со тоа лицата увиделе дека се измамени и дека ги оштетила за 250.000 денари.