ПС Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(53) управител на фирмата „Тулана“, за сторено кривично дело „лажен стечај“, како и против Х.С.(59) и Ѓ.В.(61), основачи на фирмите „Тулана“ и „Автопром Ѓорѓи“, сите од Гостивар, за сторено кривично дело „поттикнување“.
Во периодот од септември 2009 до ноември 2010 година, првопријавениот со цел да ја спречи наплатата на побарувањата на УЈП и останатите доверители, со фиктивна одлука за пристапување на нов содружник во вид на удел пренел поголем дел од недвижниот имот на „Тулана“ ДООЕЛ, а уделот потоа на договор го пренел без надоместок на подеднакви делови на второ и трето пријавените кои се јавуваат како основачи на фирмата „Тулана“. Потоа спротивно на Законот за трговски друштва донел одлука со која ја намалил основната главнина на правниот субјект со што основната главнина останала на 353.800 ден. Второ и трето пријавените иако биле запознати со состојбата на фирмата, со цел да остварат лична корист го навеле првопријавениот да го префрли поголемиот дел од имотот во износ од 81.992.300 денари на фирмата „Тулана“. Во ноември 2010 година над фирмата „Тулана“ е отворена стечајна постапка во која се признати побарувањата на УЈП во износ од 10.236.028 денари.
Со ваквото префрлање на имотот без надоместок пријавените за да ги избегнат обврските спрема доверителите предизвикале лажен стечај и материјална штета од 15.948.972 денари.