петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 42

За да не остане на „улица“, Заев во партија ја вработил и Шекеринска!

Радмила Шекеринска во јавноста е позната по луксузниот живот кој го води, по скапите облека, чанти и чевли кои постојано ги носи на себе. Шекеринска живее луксузно. Со неа се врзува и аферата во која нејзиниот сопруг, директорот на Дајнерс сам себе си ги издаваше становите за најскапата кирија за која македонскиот народ има слушнато.

zaev-sekerinska1

Последни вести

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во партијата со вработување си ја згрижи и својата заменичка Радмила Шекеринска која е дел од платниот партиски список, пишува порталот „Курир“.

Неофицијално, како што се наведува во текстот, нејзината плата изнесува 30.000 денари.

kurir-prasanja-sdsm

КУРИР се обиде да дознае кои се причините за партиските вработувања во СДСМ, но засега единственото образложение е тоа што го даде Заев во интервјуто за порталот под контрола на СДСМ/Сорос дека Зекири морало да биде вработен за неговите деца да останат гладни.

Радмила Шекеринска во јавноста е позната по луксузниот живот кој го води, по скапите облека, чанти и чевли кои постојано ги носи на себе. Шекеринска живее луксузно.

Со неа се врзува и аферата во која нејзиниот сопруг, директорот на Дајнерс сам себе си ги издаваше становите за најскапата кирија за која македонскиот народ има слушнато.

085811sekerinskabobo

Во февруари годинава, скопското јавно обвинителство соопшти дека ја прифатило кривичната пријава против сопственикот на Дајнерс – Македонија, Божидар Јанковски, сопруг на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, и ќе истражува дали и колку е вистина дека тој заработил стотици илјади евра изнајмувајќи си ги своите станови, а кириите ги наплаќал од службени пари. Според пријавата на МВР, кое тогаш и сега го раководи блискиот соработник на Шекеринска – Оливер Спасовски, тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според пресметките кои ги направи Press24 во перидот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари.

Освен три стана во Скопје и еден во Охрид кои ги рентале сами на себе и на неговата фирма, ова семејство молчеше и за други луксузи во кои ужива.

dzip-rada-laga

Шекеринска не ја пријави во анкетниот лист својата луксузна хациенда во Маврово, а излажа и дека не е нејзин луксузниот џип во кој често ја гледаме. Кога истиот џип беше дел од сообраќајна несреќа, Шекеринска беше еден од патниците во него.

Освен во Македонија, Шекеринска ужива луксуз и во соседна Грција. Таа летно време одмара на својата јахта за која сакаше да избегне да одговори пред јавноста, иако јахтата го носи името на нејзината ќерка.

jahta-sekerinska3

На сите овие луксузи во кои ужива заменичката на Заев, сега се додава и платата која ја зема од партиското седиште.

Истовремено, по објавите за новите вработувања во СДСМ, не стивнуваат бурните реакции од страна на јавноста, особено од симпатизерите на СДСМ.

zekiri-i-zaev-gerila

Најчитани вести