За да не ве вратат од граница, прочитајте колку пари ви требаат за секоја држава во ЕУ

Министерството за внатрешни работи ги објави условите за влез во земјите од Европската Унија. Во нив се прецизира колку парични средства треба да поседуваат граѓаните за влез и престој во секоја земја од шенген-зоната.

Најмалку пари за дневен престој се потребни за во Латвија, 14 евра за секој ден поминат во земјата. Истите услови важат и доколку сте во посета на роднини, ако имате организиран престој или пак приватно сместување. Најмногу средства се потребни за во Португалија – 75 евра за секој влез и 45 евра дневно, Естонија – 71 евро на ден, како и во Словенија.

За престој во Бугарија ви се потребни 50 евра од ден или за целиот престој минимум 500 евра.

За престој кај роднини во Хрватска се потребни 50 евра за влез во земјата, додека за сместување во хотел или приватно сместување 100 евра. За влез во Данска се потребни 47 евра, додека за во Германија 45 евра. За влез во Грција, Ви се потребни 50 евра по ден или 300 евра за минимум пет дена престој.

„Без пари“ е влезот во Чешка, Луксембург и Австрија, за каде што не е прецизирано колку средства секој патник треба да носи со себе.

Условите за влез во ЕУ за државјани на трети земји се наведени во чл.5 точка Ц од “Шенген бордер код”.Таму е напишано дека треба да ги исполнуваат условите за влез и престој во државите членки на ЕУ како и да поседуваат доволно парични средства за издржување како за периодот на престојот, така и за враќање во државата од која доаѓаат или за патување во трета држава.

mvr1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.