За Дачиќ е лицемерство Србија да се обвинува за судирот меѓу Хрватите и Бошњаците

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ги оцени како лицемерни коментарите на хрватските функционери по повод пресудата на Хашкиот трибунал во случајот „Прлиќ и другите“ и му сугерираше на официјален Загреб да се соочи со минатото и да не ја напаѓа Србија порани судирот меѓу Хрватите и Бошњаците во Босна и Херцеговина во текот на 1990-те.ж

Србија брутално е напаѓана по повод пресудата на Хашкиот трибунал во која е укажано на здружен злосторнички потфат во кој учествувале раководството на Хрватска и на ентитетот Херцег Босна, на чело со покојниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, рече шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

„Неверојатно е количеството лицемерство коешто го покажуваат хрватските функционери по повод последната пресуда на Хашкиот трибунал, па така и денеска хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ повторни брутално ја напаѓа Србија по повод пресудата којашто говори за агресија на Хрватска на Босна и Херцеговина и злосторствата на Хрватите против Бошњаците“, изјави Даќиќ во саботата вечерта во изјава за агенцијата Танјуг.

Повторувајќи ги претходните оцени на највисоките српски функционери, Дачиќ запраша „какви врски имаат Србите со судирите меѓу Хрватите и Бошњаците“, како и за каква „големосрпска агресија“ зборува хрватската претседателка.

Дачиќ потсетува дека во писмото на тогашниот генерален секретар на ОН, Бутрос Гали до Советот за безбедност од 1-ви февруари 1994 година се вели дека „според податоците коишто ги потврдиле членовите на УНПРОФОР“ во централна и јужна БиХ се наоѓаат „Првата гардиска бригада, Втората гардиска бригада, Петтата гардиска бригада, Седмата гардиска бригада, 114-та бригада, 116-та бригада и сили на специјалната воена полиција“, како и артилерија и повеќецевни минофрлачи.

Потсетува и на 3333-та седница на Советот за безбедност при ОН од 3-ти февруари 1994 година по којашто беше објавено дека „Советот за безбедност на ОН длабоко е загрижен поради фактот дека Република Хрватска елементи на Хрватската војска распоредила, заедно со тешка воена опрема, во централните и јужните делови на БиХ“.

Шефот на српската дипломатија вели дека тога Хрватска од Советот за безбедност при ОН беше „силно осудена“ поради „сериозниот и непријателски чин против една држава членка на ОН“, со барање „РХ веднаш да ги повлече сите елементи од Хрватската војска, заедно со воената опрема, и во целост да го почитува територијалниот интегритет на БиХ“.

„Како што Хрватска често ѝ порачува на Србија, неопходно е Хрватска да се соочи со минатото. А најмалку ѝ е потребно да ја напаѓа Србија поради нивните судири со Бошњаците. Освен доколку Србите не ѝ се виновни за сѐ, што во исчашениот ум е можно“, заклучува Дачиќ.

Хрватската претседателска Колинда Грабар-Китаровиќ претходно во саботата изјави дека Хрватска не учествувала во здружен злосторнички потфат, туку дека цели четири години учествувала во одбраната на Босна и Херцеговина.

„Како хрватска претседателка сакам уште еднаш сосема јасно да кажам: историска вистина е дека хрватскиот народ во БиХ беше жртва на големоспрската агресија во соседната држава и прв ѝ се спротистави. Историска вистина е дека Хрватска во текот на војната во БиХ згрижи стотици илјади бошњачки и хрватски изгнаници и бегалци и овозможи хуманитарна помош и вооружување на сите одбранбени сили, пружајќи, согласно меѓународното право, и секоја друга помош поради одбраната на територијалниот интегритет и опстојување на таа држава“, истакна Грабар-Китаровиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.